демолира (св. и несв.)
Авторот на книгата, при престојот во родната земја, ќе го соочат со пеколното демолирање на верските објекти, ликвидирањето на свештениците и на крајот со показот на Атеистичкиот музеј, последен од таков вид во светот (изграден во 1973 година по угледот на советските атеистички музеи од времето на Ленин и Сталин).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Лудиот премиер повторно го демолирал својот кабинет - ќе стои на третата страница од дневните весници...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само, нејзината просторна ефективност, по рецепт на зен- учителите, пленеше со својата промена, онаква каква што не успеа да направи збеснатото демолирање.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Колку за илустрација, ако само машините и инвентарот од фабриката беа демолирани и однесени во отпад, како старо железо, ќе се земеше сума која е повисока од проценетата вредност за кое беше продадено претпријатието!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)