демне (несв.)
Ми се стори дека некој демне од него и јас, збирајќи ја главата во раменици, побрзав дома.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не знаеше: ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ме прогонеа? Ме демнеа згрчени под своите сенки? На мене се учеа да станат мачители? Да. И повеќе од тоа. Причина? Се плашеа од мене.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не, шумеше крвта. Се лажеш. Јас без темнина во тебе. Се притајував, демнев од заседа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од мракот демнат зелени очи, од мракот машинките стрелаат в нозе, в 'рбет, в чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А малите лукави очи потонати во сало, ајдучки демнеа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но, тука како и насекаде каде што живеат луѓе имаше будни очи што ги демнеа новопристигнатите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Му се причинуваше дека се ближат и го демнат ѕверови. Го слушаше нивното блиско ’ржење.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше една мисла и тој на неа не можеше да си ја препознае како своја, сепак; ја отфрли уште следниот миг недомислена, но таа остана негде скрајума да демне во него, како отворено око на непрепознавањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога дојде до нив, можеше бргу да го изнајде местото што ќе му биде најпогодно за демнење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не смееме заедно никаде да бидеме: им паѓаме в очи на оние што демнат...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одиме нога за нога, кроце, како да демнеме арамија, па наеднаш ќе се свртиме и ќе речеме „здрув!“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)