деловно (прил.)
- Нано, овде никој не бели... Ќе ти поцрнат дреите!... - ѝ вели тој кратко, суво, повеќе деловно и брза на работа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Lanier, најентузијастичкиот заговорник на новиот клуч, што ќе ја отвори вратата на човековата фантазија, е веројатно првиот човек којшто на насловната страна на The Wall Street Journal, сериозно деловно списание, се појавил со реге фризура (dreadlocks).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Целосно беше укинато правото на странците да засноваат работен однос без дозвола во склоп на деловно техничка соработка, производна кооперација и пренесување на технологија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Полномошник на странката може да биде: 1) адвокат; 2) лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и 3) роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар – доколку е потполно деловно способен (чл. 81, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката која е целосно деловно способна може сама да ги врши дејствијата во постапката бидејќи има т.н. парнична способност (чл. 71, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Стечајната постапка се поведува по предлог и таа е итна (чл. 8, ст.1-2 од ЗС). 3. Полномошник на странката може да биде: адвокат, лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)