дезинтеграција (ж.)
Во својод конечен облик, толку совршената дезинтеграција претставува хипотетичка состојба за која нема јазичен израз.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ако класиката го интегрира скриеното во „чистотата“ на разбирањето, а маниризмот посакува со дезинтеграција на „нормалниот“ земски темел на земјата, нештата и човекот, да го открие скриеното, кој од овие гестови за нас ќе има поуверлива сила во „принудата“ на откривањето на апсолутот?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Историјата на дваесеттиот век меѓу другото е и историја на масовни движења на бегалци. Тие почнуваат со дезинтеграцијата на Отоманската Империја и емиграцијата на Евреите од Источна Европа на почетокот на векот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Стојан Христов ја начна, ја подрече а други по него ја дорекоа темата на македонската дијаспора и македонската дезинтеграција.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)