двомилионски (прид.)
Ова би бил најисплатлив бизнис во денешно време со оглед на двомилионските ментални мазохисти кои не можат соодветно да си го наплатат секојдневното ебавање у здравиот или полуздрав мозок.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сите во компанијата биле шокирани затоа што паѓањето на столбот ќе значело завивање на двомилионскиот град во мрак на неодредено време.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)