двоен (прид.)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонците не се запреа на таа двојна игра со различните изјави пред Бугарите и пред Европа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Втора му кама удрија кога ја Спиро продаде Љуба во село далечно на човек в двојни години.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Беше близнак во близнак - горната усна му беше двојна. Како што му беа двојни, едни над други и веѓите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас испитував двојно чувство: на среќа и тоа проклето писмо...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Му плаќаа двојни трудо-денови за сите тие дни, што требаше да ги преседи тука, а и да не беше тоа, тој пак ќе се согласеше да дојде, зашто на Задругата навистина ѝ беа потребни штици.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Нема здодевност со убави жени“ - тоа е геслото на „Вапенхоф“, Влезот е бесплатен, но затоа гардеробата е задолжителна и таа се наплатува како двојна влезница.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ниедна од девојките не крена глава. - Уште подобро, - рече другарката Оливера Срезоска, казната ќе биде двојна ако не се признае.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Беше близнак во близнак - горната усна му беше двојна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Напред, детуле, рекол на својот јазик: водата во која јавачот или коњоводецот ќе ја види месечината, онаа вечна и двојна во исто време, на коњот ќе му даде крепкост и змејска сила. Така зборувал.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
— Ета лаж, вели Фирсов, а лицето му светка, како да носи маска, двојна кожа, безбоен лак.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)