двапати (прил.)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И Мече не почека да биде двапати повикан. – Ела со мене, бргу! – со шепот му рече Беличот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тие не чекаа двапати да им се каже.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бојана го нарача орото „двапати зад нога“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе го греши еднаш, ќе го греши двапати, на третиот, четвртиот пат ќе го погоди и ќе си свикне, со работата баре во куќата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Смртта двапати мина крај мене, оче Симеоне.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Клучот од онаа страна на бравата двапати крцна, во празнината останаа само куќните шумови обесени на ѕидовите како ненужни крпи. „Дојди вечер да пееме“, му викна Отец Симеон. „Го славам роденденот на мојот прадедо.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Иако беше двапати покрупен и повисок од Велета, тој се поттргна и отстапи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во ситните очи ќе им се наѕира радост што живееле двапати повеќе од еден црн војник на небесниот полк.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А тоа се случува еднаш или двапати во месецот: ќе одјури учителот в град или некаде каде што го викнале по работа, а тетка Анѓа тогаш ни станува учителка.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Татко му на Трајчета, селанецот Тане, двапати неделно одеше во Караорман, береше дрва и ги продаваше во Струга и Охрид.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сега сме речиси двапати повеќе отколку што бевме порано.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некојпат еднаш, некојпат двапати во неделата - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Рибата не чекаше да ѝ се рече двапати.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Јас ќе ги собирам, чичко! - рече Билјана и не чекаше да ѝ се рече двапати.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Билјана не чека да ѝ се рече двапати. Седнува меѓу мене и старецот, го држи цвеќето в рака и чека.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)