давеник м.

давеник (м.)

Еден ден, на крајот од нашето летување, по плажата се разнесоа престрашени викови: - Давеник! Давеник! Човек се дави!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Набргу, на дваесетина метри од брегот, тие го прифатија давеникот и одејќи кон плиткото, го изнесоа на брегот. Беше жив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Шишман веќе гласно плачеше држејќи го братучеда си како давеник сламка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пропаѓајќи, тој ја извива раката (не веќе рака оформена, туку нешто налик на ембрионален екстремитет), очајнички замав на давеник, исчезнува, се претопува во зејтинестата смеса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Морето мирисаше на давеници, медузите беа накострешени, сини блујаници на брановите – ги прескокавме со здодевност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ни за пливач не е покрај сиот занес. Во корито празно давеник ќе стане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Ќе ти помогнам... ќе разберам...“ Елена меко ги стави своите раце врз рацете на Марија, која сѐ уште цврсто ја притискаше како давеник својата последна надеж.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Давеник беше Лествичникот, и друштво бараше за давење, уште некој со него на дното да појде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го кренаа трупот на давеникот со нозете угоре, со главата удолу, на дното од барката кон која го носеа, падна со тропот нешто тешко, метално, нешто режано, сработено во форма на книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во давеникот ја препознав големата глава на Рибоокиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓу талогот и скрамата од најлон ќесиња, лименки и друга нечистотија, неколкумина полицајци, со чакали, влечеа труп на давеник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Еј, а кој е тој на кого толку многу му се допаѓа девојката, која изгледа треба да сум јас, а ете, одбивам да му подадам рака на давеникот, а давеникот изгледа си ти?“, му рече, повеќе за да го исфрли од рамнотежа одошто да го натера да го напушти заобиколниот пат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се фатив како давеник за сламка и си реков: „Добро е, и тоа е нешто, нема да ми отиде сега“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)