давачка ж.

давачка (ж.)

Бегот те дере со десеток и со други давачки, па полјакот, па заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Насилијата, зулумите што ги правеа авалеџиите при собирањето на давачките, го раздразнија Толета до немајкаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Покрај јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. Му требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но за тоа, за пресудниот бој со нив, со Европејците, тој, Мурад III, веќе издал високославна заповед да се зголемат давачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсега ќе ви се зголемат давачките, ќе морате да плаќате даноци за сѐ што подигнавте. Сами сте си виновни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не треба учител да барате. Без давачки ќе биде таа работа, ако е аирлија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гемиџиите, за да ја елиминираат непожелната посета на комуналните органи, однапред за повеќе месеци ги исплатиле разните комунални давачки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
БАЖДАРИНА - трошарина, царина, давачка, општинска такса
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Давачки колку сакаш! Дури и земјата се премеруваше според скоковите на болвата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше време кога рисјаните ги беа веќе платиле арачот и сите други давачки, та малку се беа олабавиле и тоа Петре го сеќаваше по сѐ низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот плаќа само половина од изречената глоба; •  со чл. 266-г се регулира постапката за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки, но и да ги отстрани последиците од прекршокот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко посебно внимание им посвети на ориентализмите кои означуваа разни давачки и такси што ги давало населението како: ангарија (со потекло од грчкиот во турскиот јазик angarya); арач (од арапски hara); бедел, замена, воен данок, замена за еквивалентна вредност, замена за воен обврзник (од арапски bedel); баждарина, баждарлак, баждар, такса за внесување стока во градот (од персиски bac); кафе-оџак-параси, вид данок што го уплатувале агите и делибашите во прилог на пашата (од турски kahve ocak parasi); ихтибаре, такса за право на тргување (од турски ihtibare)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)