г-ѓа скр.

г-ѓа (скр.)

Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Тоа се децата“, рече г-ѓа Парсонс, фрлајќи полуисплашен поглед кон вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Се разбира тоа е затоа што Том не е дома“, рече г-ѓа Парсонс неодредено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Г-ѓа Парсонс ќе биде испарена. Винстон ќе биде испарен. Сајм ќе биде испарен. О'Брајан ќе биде испарен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со Моне живеевме на Сењак, во мансардата на „вилата“ на г-ѓа Јамбришак, вдовицата на првиот повоен министер за здравство.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Значи г-ѓо, вие сте? - Јас сум Валентина, бивша балерина по занимање... - почна гласот да ѝ трепери веќе на втората реченица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Сега се викам г-ѓа Даниел Адам.“ Самото презиме не ѝ звучеше необично, освен што на крајот на презимето ја немаше буквата „с“.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Петре, ова е Тамара Вилајетовиќ од Белград, асистентка на Г-ѓа Перуниќ и Томаица Јовановска која е моја млада колешка од Битола и која помага тука за модното дефиле.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сепак, Париз е центар на светската висока мода и на овој начин и ние по малку, преку Г-ѓа Перуниќ го почувствувавме тој воздух, барем малку, за момент...јас се извинувам, но сега морам да одам, веќе е многу доцна, мајка ми сигурно веќе ме мисли.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Г-ѓа Маџиде му помагаше додека ние бевме на работа, па и го капеше секојдневно, понекогаш и по неколкупати зашто поради старечката деменција забораваше и, само што ќе го облечеше избањат и чист, тој викаше по Маџиде: „Меги, од кога не сум се избањал!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од каде му ДРСКОСТ на тоа бесрамно пачавриче онака да не ја почитува г-ѓа Крафорд?!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ на сѐ, одличен филм со феноменална костимографија, шминка, сценографија и што ти уште не. Само напред, г-ѓа Крафорд!186
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Г-ѓа Данавеј заслужи Оскар за улогата на легендарната Крафорд, која посвоила две руси дерлиња што постојано ја сопкаат во кариерата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)