губитник м.

губитник (м.)

Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Татко, ако се има предвид материјалната страна на егзистенцијата, беше еден од големите губитници, конечно и неповратно.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што е изнесено во почетокот, настаните во романот, починувањето на таткото, го ослободува главниот лик на нараторот од зависноста која би го лишила од финалниот триумф над противникот (тоталитарната идеологија) која го примора „големиот губитник” на егзил и на еден повлечен живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој му се восхитуваше на новиот пријател, белиот откорнатик Игор Лозински, за храброста да го продолжи животот кога судбината го стори голем губитник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Праведниците што ги почитуваа заповедите и правилата на крајот на приказната можат да се наречат и губитници!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога велам непресметано не мислам на вистинитоста на случајот ниту на правната страна на таа вистинитост, туку на околностите поради кои се најдов во положбата на губитник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не користеше разум од безумици - не земаше совет од губитници!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тоа е особина на губитниците, коишто ги задушува недостигот на ентузијазам, ги доведува до резигнација.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Фалејќи се пред другите, ги озборуваат своите жртви кои се претставени како губитници.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо немаше каде, беше губитник во разговорот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се враќав како губитник на земјата што ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Голема моќ е да умееш да бидеш губитник, победник во поразот, кој сам по себе ни го наложува трагизмот на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како во картагинска арена од римскиот период како да беше завршена за Хабиб Бургиба една невидлива гладијаторска борба на живот и смрт во доменот на владеењето и борба за место во историјата, во која тој не се сметаше ниту за победник, ниту за губитник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако некој сака да се откаже од мене, поради нешто што не го правам добро, јас попрво се откажувам за да не бидам губитникот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)