грчевит (прид.)
(Потонува во неговата прегратка, најпосле, по сето грчевито барање.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во заднина, Арапин со дигнато копје и грчевит, можеби заден скок на лавот – драперија на ѕидот, разурнат во земјотресот, во мојата детска соба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во случајов, а тој е само еден од примерите, кон онаа смрт на цивилизацијата на книгата, за која толку се зборува и која најнапред се пројавува преку грчевитото намножување на библиотеки.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)