гроздобер (м.)
Савка живо се приготвуваше, понекогаш и ќе запееше: пред гроздоберот попот ќе ја благослови и таа ќе појде во куќата на својот чекан маж и не ќе се плаши веќе од потсмешливи погледи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мириса на рана есен. Тоа е безбоен, болен мирис, нечуен плач на заклан полски плод, нем гроздобер и исукани чадови над градските стреи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ги видоа големите чаши ракија пред нив знаеја дека се родени под крвава ѕвезда во еден гроздобер кога лозите цицаат од земјата само отровни сокови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Умирајќи без потпир под нозете, ни исплашен ни зачуден од настаните, без причина сонил гроздобер и црвени коњски поила.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додуша, Марин Крусиќ, кога дојде да ги покани на гроздоберот во неговото лозје под Карадаг, не покажа толку отворено љубопитство како неа, и не се загледа вчудено во бледилото од синот на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така таа ги брои годините на своите рожби: по жетвите, по гроздоберот, по сеење и по лошите времиња.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)