гробен (прид.)
Настанува гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Завладеа гробна тишина. Ти се чинеше дека никој и не дише.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А кога почна пописот, во Козар маало се всели гробна тишина како на закоп што никогаш не завршува...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Настана навистина гробна тишина.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Настана тишина гробна, во која само се слушаше како отец Стефан Лествичникот мласкаше со усната, во небрано ставен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас претпоставувам, сепак, дека можеби бил закопан на нивното семејно гробно место, но дека потоа, во истиот гроб, како што често и се прави, бил закопан некој од неговите потомци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ја одвоив сенката своја, душаа своја и му ја ветив на Господа и ја пратив во селото Бродец, на планината Кара Дак, таму стана светлина, а тука стана темно, како што и прилега на гробно место на последен калуѓер и на друг смртен, кој ја пие водата и го јаде лебот донесен за калуѓерот од ноќвите на манастирот, од сенката на жена во црно облечена. Без лице.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Врз асурата во гробот го фрлија кетинот со кој беше завиткано телото, а врз нив ја нафрлаа тргнатата земја и го наместија гробниот камен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Книжарите се огромни, средени под конец, шарени, убајна за тепање време... Тука владее гробна штама.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тишината, гробната тишина, беше посилна од сѐ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Настана десет–минутна гробна тишина. Нешто тропна, се отвори вратата, и што да видам?
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)