грклан м.

грклан (м.)

Ја крена Кузман сабјата па одлево и кратко ја замавна врз врагот клет на она место кај што гордо гркланот на вратот над телото се подал сет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
РИСТАЌИ: Пушти ме, мор, да ѝ го скинам гркланот! (повторно налетува на Антица, но Саветка го спречува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како 'рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај ми со здравје.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште само гркланот му играше под остро подадената брада.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со нож. Не, со зглобовите на овие прсти. Гркланот тогаш лесно прска“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беше сплеткан до грклан во своите врвици што водеа кон нигде. „Решуваш гатанки, другар брат?“ Брат му ги стегна јазлите на тие врвици. „Сѐ е решено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се скаменија. Гркланите шумно им се движеа додека голтаа воздух и прашина. „Секако. Тој е доследник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Остро издадениот напред грклан се движеше нагоре-надолу под дејство на жедното голтање. - Изгорев, вода! Еј ти!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И му алка под гушата. Му ја бара жилата, зглобот, гркланот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По пет дена војводата го издемнува Џема, му фрла пипер во очите и му го пресекува гркланот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашата војна со едната нога стапна на нивниот грклан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На Ники ѝ е пресечен гркланот, уште крвта ѝ липта, ѝ подџбурнува под гушата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се отвора гркланот, се витка храноводот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им го враќаат јазикот од гркланот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе