грижлив (прид.)
Влегува веднаш по дигањето на завесата, бришејќи. го грижливо со четка фесот на чорбаџи Теодос, оди полека на прсти, зборува тихо плашејќи се од својот сопствен глас.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Грижливо ја изделка корката, со парче тел го издлаби босчето како цевка, а по тоа зеде едно потенко багремово гранче, го дупна насреде и со него го затна отворот на црцалото.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За овцата, која беше изнемоштена, ослабена, Бојан смеша малку трици со сол и додека другите овци ги собираа грижливо остатоците од сеното во јаслите, тој го крена малото јагне и го пренесе во кошарата. Блеејќи, овцата одеше по него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јаженцето грижливо беше намотано и заврзано. Бојан стасал жив и здрав.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Немаше ниту една година откако се вселивме во овој убав, нов стан и сѐ светеше во него од грижливите работливи раце на мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Изгледа дека тие со векови заедно се граделе, заедно растеле, зашто и денес катедралата се чува грижливо за да не ја нагризе забот на времето и луѓето се трудат да ѝ ја зачуваат нејзината младост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше конечно убеден дека е таму, кога по непреспиената ноќ и грижливото трагање по книгите, му светна во умот една мисла на Чанга од нивните последни разговори среде овие книги. ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вкупните хемиски податоци, грижливо присобрани, им се додаваа на сѐ поголемите низи од бројки што чекаа на конечната обработка помеѓу забревтаните тркалца и шепотливите цилиндри.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, за мојата совест грижлива, добив утеха неповторлива, возач на Црвен Автобус станав, му носам на адот храна, разнесувам тела и магариња, им наплатувам дебела патарина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И таа ја помилувала неговата голема, опнеста наметка со грижлива завидливост.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
(Тоа беше начин на кој тие разговараа за работата - грижливи прашања за тривијални работи).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Се држеше до старата елеганција, со зулуфи и грижливо замастени мустачиња со многу остри врвови...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Релативно млад човек. Црни очи. Измазнета коса. Грижливо негувани мустаќи. Блага насмевка на лицето и во очите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во главата го бев понел и сиот оној план грижливо создаден во спомнатата самица.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите. Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На ова му претходи грижлива класификација: башка хартија, башка пластика и стакло, башка органско, башка останато...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ако возрасните гаврани можат да ја изразуваат својата лутина со непрекинат и неразбирлив говор, двете млади гавранчиња, обидувајќи се да ги употребат своите крилца под старателство на многу грижливите родители, сигурно мислат дека се испилени само со една единствена цел, да ги вежбаат своите белодробни крила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)