грешник (м.)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сепак знаев дека на една икона на килавиот Јаков Иконописец светец со мртво лице забуцува во ребра на многузабо чудовиште дрвен тризабец; зад нив, зад светецот и чудовиштето, умираа на оган голи грешници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Големите „грешници“ меѓу маниристите, како Гонгора, Марино, Дон, пишуваат религиски песни и проповеди преполни со кончети, а Љубовта станува неисцрпна тема за моралната казуистика.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Имаше моменти кога фактот дека неминовно ги чека смрт изгледаше исто толку опиплив, колку што беше и креветот на кој лежеа и тогаш ќе се стиснеа еден до друг со очајничка сензуалност, како што осуден грешник го граба своето последно парче задоволство кога часовникот покажува пет минути до извршувањето на пресудата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И зарем тоа што го рече ти во скрипториумот не е исто што и: Господ е првиот грешник?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еден миг може праведниот човек да го преобрати во грешник.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сум прочитал дека нема разлика меѓу грешникот и светецот ако е секој сам на светот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еве сега, во нашево маало, може си чул, од вчера и чума се јави, а тоа е мала казна за сите нас што го трпиме меѓу нас овој грешник.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш, пишува во Торá, на небото се отвораат три книги: книгата на праведниците, книгата на грешниците и книгата на колебливците.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Под перото на Христов, маките на македонските печалбари ги надминуваат дури и маките на грешниците во Пеколот од Данте Алигери.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Проклетници говори за грешници лузери, скотови, ветерници за сите маченици и штетници за ситни души и неверници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но, не...има ли мегдан во урнатините, за да се исповедаш ти грешнику со немата заповед на совеста, под кормилото на твоите сништа...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога тогаш грешниците, една по една, ќе вежбаат јога и ќе танцуваат модерен балет без никој да ги задева.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Така се исполнило пророштвото - И МЕЃУ ГРЕШНИЦИ ГО СТАВИЈА...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)