готварница (ж.)
Влегоа дома во готварницата, тетка Фора им рече: - Расобујте се, дечиња, фрлете ги настрана тие пусти чегалки што ви ги дале и седнете.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Беа наседнат пред огништето во готварницата на Котета Милјанов да појадуваат:Коте и братучедите Србин и Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И нив ги возбудуваше пријатната миризба на јадењето што идеше од готварницата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Патем корнеа колје, претрчуваа до дома да земат кој вила кој пушка, жените ги грабнаа анџарите од готварниците, децата се наоружаа со бодежи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Едното веќе ја наместило фирмата на старата готварница на Паско Бачо - „Пчела“, трговија со мед, матици и трутови; второто „Турс“, патувања и посредништво, работа во Нов Зеланд; третото „Зодијак“, што ни кажуваат ѕвездите, изработка на хороскопи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)