гнасотија ж.

гнасотија (ж.)

Дали Турците со своите гнасотии и мрсотии, дали нашите со својте подавства.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малите срца ни ги полнеа со гнасотии.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не ни пречи ни смрдеа, ни гнасотија, на сѐ си можел да се навикнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку гнасотии им поминале што ниеден сапун не може да ги измие. Ајдучка работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гајле ми е што е... Јас безделничам низ улиците, планините и гнасотиите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Не грижи се миличок, нема да ги толерираме тие гнасотии овде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако се помоча, да простиш, тој таму, гнасотијата дотекува кај нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По неговата смрт дојде до смена на власта, па снимките од камерата поставена на глуждот на Ирис се продаваа во секоја трафика, како доказ за гнасотиите на претходниот режим.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)