гламносан (прид.)
И ние се разбудувавме и наѕиравме кон купиштето пепел со гламносани коски. Ама таму немаше ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горе, од отворот на јаката, ѕирка непотстрижено главче - гламносано стрниште.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чатијата и гредите веќе беа поцрнети од чадот, па и тоа беше знак на гламносана волја, која тешко се покренуваше дури и со надежите на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во мојата цртанка често наминуваат и едни чудни мерачи на далечини со гламјосани чела и без скафандери на главите кои сенешто премеруваат и домеруваат колку далечини собира во една детска цртанка и во една гламјосана глава без скафандер.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)