гениталии само мн.

гениталии (само мн.)

Тоа е толку многу видливо како жена ми гледа што се случува така што лесно би можело да дојде до скандал, сестрите да се фатат за коси, но жена ми го гледа и тоа дека сестра ѝ со завист гледа во гениталиите што нејзе ѝ биле на располагање во животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми влева утеха тоа што топлината и тежината на гениталиите во дланката како да ми се зголемуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Забележува како пак ги превртев гениталиите во дланката. Левата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Момчињата играат и изведуваат стриптиз со цревата; жените ги набиваат отсечените гениталии во своите пички, ги вадат и ги фрлаат врз своите избраници...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во текот на тој период направив илјадници полароид снимки на гениталии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потоа ја прашале: дали е вистина дека сум рекол, од збор до збор: „Да ти се мочам јас на твојот здрав народен дух, кога се смее само на гениталии што залутуваат во туѓи гениталии и на ануси што прдат; тоа ли е врвот на народната уметност, Луцијо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зошто, Луцијо? Зошто ви пречеа моите гениталии?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Детето од женски пол, според него, започнува да станува жена „кога за првпат ќе ги види гениталиите на другиот пол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби тезава држи донекаде и ако го проанализирам нашево секојдневие можам да потврдам дека мозокот не само што е ерогена зона туку тој е и една голема гениталија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најголемата и најтешка гениталија, неговото височество Мозокот, како ерогена зона не смее повеќе да подлегнува на никакви закани и притисоци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Инаку, мозокот за разлика од другите гениталии има повеќе дупки преку кои можеш да му влезеш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По игра на случајности, може да се случи гениталиите да бидат типични за машки пол, но менталната поларизација да биде типична за женски одредби. Или обратно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ајде да провоцираме временски натрапници кои ги покриваат гениталиите на уметничките скулптури.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)