генератор (м.)
А паметот кога нема веќе мускули тоа ти е електрицитет без генератор!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имаше дури и напишано на таа тема неколку мошне убедливи книги: „Човечкиот генератор. Негово одржување“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Требаше да се бранат идеи чии генератори беа згаснати!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некоја природна бариера постои меѓу тебе и надворешниот генератор на енергија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)