генеалогија (ж.)
Смислата за локација, за мене мора да смета со присеќавањето, или развитокот на алтернативни генеалогии.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Единствената генеалогија секогаш е мистификација на историјата на културата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Авторот, Луан Старова, следи и трага по еден своевиден егзил (прогонство, бегство) од Албанија во Македонија на семејство, чие генеалошко стебло е мошне етнички и конфесионално и интелектуално мошне сложено, слоевито и љубопитно.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)