гарнира (св. и несв.)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од тогаш се прашувам, зошто животот секогаш ги гарнира ситуациите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ручавме свински ребра гарнирани со пекарски компир.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Јас сум Рада, - нежно му ја подаде својата рака, гарнирана со широка блажена насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мислата ја гарнира со насмевка, а со очниот сјај веќе му го предаде клучот до нејзиното срце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)