газер (м.)
Главно беше да собере што повеќе златници, да ја наполни царската каса која беше „вреќа без газер".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Може и сета нејзина вода да е замрзната до газер, до извор, о, господи, колку проклето време, да не се најде веќе, да не се врати!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Немај гајле, ми вели Влашето мене и зеде од коњот една вреќа струнено, ги пикна двата краја од газерот еден во друг, направи ќулавка, ја стави преку глава и заринка во снегот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ане одговори така од рака, па од зад грбот извади цел бинлак, и тоа плетен сиот освен газерот, и со чеп од пченкарна кочанка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ама Тодора - удри со врвот од јајцето, удри со газерот, и туку ја сети прелагата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Вака ќе направите“, им рече тој и откако се принамести во столот продолжи: „Дали сите добро го гледате оној хил, врвот на онаа тумба што личи на газер од јајце, под планината, како го викавте!...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Вака клекнувам на коленици еднаш неделно за да ти го исчистам бојлерчето, а што истекува од него? Калојна од газерот, тоа што преостанало, ако нешто останало.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)