гадинка (ж.)
И не можеш да пречекориш од бубачки, од разни гадинки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нема друга грижа гадинката, си велам, таа си живее, а ние треба да умреме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Подоцна објасни дека всушност и не се плашела од тие гадинки. Обично ги бркала и газела.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Уште вечерта го подолнив првото од ливчињата што ги спремив за анотации: „Да создадеме човек... кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Имаше раскината фанела на градите и целиот беше поцрнет од муви и други гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Да нема барем гајлиња со женската убавина, која е обично за други радост а за мажот грижа, и тој е само нејзин буден чувар, кој зад седум пердиња ја крие за да не стане шербетлија мамка за секакви гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Паднатиот орев, скриениот пергамент
за Амор и Психа, од ларви здивен
од гадинки и јајца.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)