врлеж (м.)
И почнала потерата, низ секакви шуми, преку реки, по врлежи на кои ни ѓаволот не можел да се испентари.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)