вриеж (м.)
Арсо, заборавајќи на она што беше измачување во долгите часови на осаменост и во осаменоста родениот страв и самообвинување, сиот се внесуваше и се губеше во дивиот вриеж на страстите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа нескладниот вриеж на мислите го фрла во бездна, полна со експлозиви и паника.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вриежот во дворот полека стивна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Селото живееше во еден општ вриеж, во едно општо пијанство кога не се знаеше ни кој кога спие, ни кој кога јаде или работи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Откако им се заблагодарив на вниманието „Мерцедесот“ даде гас и се загуби во густиот вриеж на париските автомобили..
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Минхен, во овој вриеж, од луѓе во исчекување, се запознав со двајца граѓани од Делчево кои, како и јас, чекаа на воз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Измолкнувајќи се наслепо од вриежот тој се домолкна до едно парче од масното платно, повлече, чувствувајќи го пленот, а потоа го откина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со растурен вриеж на желби во главата, куклата го прегрна момчето на кое почнале да му растат нови мустаќи, брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
240 Во почетокот на септември 1944 година политичките вриежи во царството Бугарија ја беа достигнале својата кулминација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Под оклопот таинствени вриежи на дамарите пред вградувањето нови жилави стентови Можеби вреди да се проба со оригинал плзенско па отпосле пак да се оптегнува стрелата баш пред влажниот влез на најтесната клисура
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)