врбак (м.)
Мече намина случајно накај собраната бригада откај врбаците, невиден од никого и чу дека меѓу другото се спомна и неговото име.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Среде од врбакот се чу потсвирнување со уста. Непознатиот свиркаше некоја мелодија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го зеде кавалчето и пак почна да свири и да оди низ врбакот...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Излезе на горниот крај. Врбакот свршуваше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)