вратило (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Добро се држеше благодарејќи        им на физичките вежби, на теговите, боздоганите, вратилата, тремплините... што ги        применуваше редовно и особено пред доручек, во задниот дел на дуќанот.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 21“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сега се слезени, ама ги нема. Ги одвеа провевот на животот, како кој застануваше на земја така и го одвејуваше тој           провев - белки рацете им се жилави за нови вратила. 38                                                                                            okno.mk           
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 34“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И потем сосема кротко пристапи кон разбојот, јас ја фатив за половината, ја поткренав и таа веќе следниот момент се фати за вратилото.
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На другиот крај од дворот се поставени две мали голчиња и вратило за тресење теписи, на кое висат дрвени лулашки, од евтините од Битпазар.
        
      
    
    
    
      „И ѓаволот чита пРада“
         од Рада Петрушева 
        (2013)