воспитание (ср.)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
41. Иако Мисирков не може да се рече дека бил социјалист по воспитанието, сепак неговиот метод на третирањето на историјата и современата положба на Македонија не е далеку од социјалистичката.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
121. Најубедлив пример за тоа беа добар дел од членовите на МНЛД што имаа или српско или пак и српско и бугарско образование и воспитание: Мисирков, Чуповски, Константинович, Русуленчич, Петковски, Антонович, Ничота, Мишајков, Дедов, Џолевски, Николовски и др.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Цела беседа истури ќатипчето по однос на воспитанието на каурите, а умот му беше во каурките, (да прават здраво живо со Турците и да фаќаат рака што е најглавно!).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа беше сето воспитание, се колнам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И рече Филозофот: „Лествичникот е блудник, и блудствува со ќерката на логотетот; откако му е доверена на воспитание и ука, тој секоја ноќ ја води на тајно место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Последното такво собитие се случи со ќерката на логотетот (за ќерката на царот и за нејзината чудна смрт ви преподадов сѐ верно), која се роди слабоумна сосем, и логотетот само на Писмородецот му го беше доверил воспитанието и стекнувањето со ука нејзино, а овој го прими тоа со голема почест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не знам треба ли тоа домашно воспитание да го детерминирам како патријархално (типично балканско...) и да го појаснувам најпрвин преку вашиот фамилијарен егзилантско-емигрантски фатум, кој нели неминовно ве упатувал едни кон други, бидејќи само така сте можеле ем да се чувствувате колку-толку безбедни, ем да опстанете во пустите туѓи куќи, туѓи јазици, туѓи градови (улици, институции, инстанци...) што везден сте морале да ги (п)освојувате...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А додај ги на овие вродени разлики уште и разликата во годините, воспитанието...(значи сѐ она што е во корист на нашите разлики) - и, се разбира, замолчувам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)