вооружи (св.)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На негова молба, повторно го вооружија и полјакот, но со предупредување да не пука по ветришта.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Секој што работи против народот и земјава, ќе дојде ден кога ќе го добие она што го заслужил...“ Се вооружи кметот до заби.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Велат дека кметот и жена си ја вооружил, па штом малку ќе се смрачело, почнувале со вртење околу куќата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се вооружија и формираа доброволна чета. Постојано крстосуваа околу селото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Човек треба специјално да се вооружи со трпение, ако реши да купува било што - од леб, заленчук и овошје, па сѐ таму до најобични нешта во трговските магазини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Секој спахија од Потковицата беше обврзан да вооружи еден коњаник и двајца пешооди, па така до Потковицата во поход на Маџарско заминаа дванаесет млади потурчени хрисијани, четворица коњаници и осуммина пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да се сетиме како Бошњаците коишто престанаа да ја играат улогата на жртва и почнаа да се вооружуваат брзо беа прозвани како исламски фундаметалисти!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Секој пожарникар е заштитен од еден полицаец вооружан со бомби.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Над селото човек до човек вооружани од Германците, сите со она оружје дум–дум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Организацијата нека го превоспитува народот, нека го организира, вооружува и подготвува за востание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Според нивното сфаќање, општо усвоениот поглед за општо востание во Македонија бил погрешен, зашто мачно било да се организира и вооружи целиот незадоволен народ.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Да ми е сега тука, право в очи би го прашала: - А зошто, попе Василе, нееднакво ги вооружи со моќ, со издржливост, со храброст и плашливост и зошто така го направи светот во кој е обезличена Зоја и многу други Зои?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)