вонвременски (прид.)
Ваквите приказни добиваат вонвременска вредност и конституираат митови...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Постмодернистичкиот дизајн не би требал да тежнее кон вонвременското, нему му е допуштено да биде ефемерен и условен од ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)