волонтер (м.)
Се вработува како волонтер во една печатница.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Втората и поважна измена од наша гледна точка се однесува на висината на исплатата на надоместокот на трошоците за храна и трошоците за превоз на волонтерите.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инаку, тука за прв пат, експлицитно се воведе и обврска на работодавците за заштита на личните податоци на работникот (чл. 44, ЗРО/05); 14 г) договор за вработување со пробна работа (чл. 60, ЗРО/05) – при што, времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, а работникот има право да се откаже од овој договор, при што е должен да остави прилично краток отказен рок од само три работни дена; д) веќе споменатиот договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со донесувањето на Законот за волонтерство волонтерите се здобија со следните права: а) пред започнувањето на волонтирањето во писмена форма да добијат опис на правата и обврските кои треба да ги исполнат и да бидат запознаени со условите и опасностите поврзани за време на волонтирањето; б) да бидат запознаени со општите акти на организаторот на услугите, односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги, за кои се ангажирани; в) да користат средства за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; г) да имаат право на обука, доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е предмет на договорот; д) право на отсуство за време на волонтирањето, ако за тоа постојат оправдани причини; ѓ) право на дневен одмор; е) право да бидат консултирани и информирани при одлучување за начинот на давање на услугите; ж) право на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со волонтерството (трошоци за храна, трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето, трошоци за службени патувања и трошоци за обука) и з) право на заштита на приватноста и личните податоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Госпоѓа Мариела беше изолирана од сите со кои се дружеше и соработуваше Ема, освен соработката, како волонтер, со Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Поминаа неколку години од денот кога младиот волонтер за своите патеписни репортажи ги доби првите искрени пофалби.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)