воздив (м.)

Стално сенката е коса над зраците што ја носат се открива низ златна коса таинство од најчист воздив просто движење на ноздри везден секаде што ползи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Штета – реков со воздив – мислев дека ќе ги најдам..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спиеше: со врел прст, гол, без аметист, Под ношница мушнат, след воздив низ гриз Стефан Маларме
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Не мрда и не дише, плашејќи се дека дури и најмалото движење и воздив ќе ја открие, ќе ја издаде... Упорно трае во неподвижноста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот го префрли шмајзерот на другото рамо и небаре зборовите му тежат повеќе, со длабок воздив воздивна и невоздржливо ја куражи сопатничката: - Од овие планини и од овие ридишта нема да има пукотници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со долги и тивки воздиви затоплуваат дланки, а со нив лица и чела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)