возвишен (прид.)
Таа не сакаше, не можеше да го прекине возвишеното чувство што ја имаше целата исполнето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А и што ќе можев да откријам под капакот - продувани маки и надежи, богатство. искушенија, сјај, алчност, себичност, богопоклонство, незаконски чин, пакосничавост, грабеж, паѓање на возвишениот разум, семејна тајна -што?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко ми замислено погледна во редот книги од библиотеката кои се однесуваа на балканските империи, па возвишено, небаре заборавајќи на прашањето од Чанга, продолжи: – Ние луѓето, пријателе мој Чанга, ти имавме со козите, со домашните животни од дамни времиња еден заеднички сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Значи дури откако просторот беше прелиминарно посветен, можеше да се помине на светиот говор, возвишеното проповедање на „српскиот национален интерес“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се чини дека во своите почетоци иконокластичкиот бунт против конвенционалната и возвишена уметност ја стави во сенка, иако само за миг, секоја (Редимејди) подлабока мотивација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Точно е дека, како што Дерида критички забележа, логоцентричната традиција е поврзана на суптилен начин со нагонот за чистота - обидот да се избегне загадувањето од женскиот неред - симболизиран со она што тој го нарекува „есенцијален и есенцијално возвишен облик на вирилна хомосексуалност“. (10) okno.mk | Margina #1 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Секој ќе ви одговори дека нивниот луд и возвишен крал сè уште живее!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Надминувајќи ја епохота, делото упатува на маниристичкиот тип на човек, на духовито-меланхоличниот денди, чиишто севкупни настојувања, според Бодлер, треба да бидат насочени кон тоа да биде „возвишен“, да „живее и спие пред огледалото“ („Моето соголено срце“).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се појавија многу нови етикети, но Levi’s остана возвишен крал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гардистот со зелени заби се поклони пред чудовиштето. Веќе во следниот миг клечеше.- Ова е нов рудар, возвишена господарке.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Според законите на возвишената господарка Мортенија, на туѓинците им е забрането движењето на оваа територија, - строго рече оној со црвени очи. – Кои сте и што барате овде?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Меѓу сите вреди да се истакне она што е можеби најдалеку од позитивните конотации на стрпливост, имено „допушта“, што субјектот на толеранција веќе не го означува како релативно немоќен, туку ја истакнува неговата премоќ и презривата или рамнодушна возвишеност на господарот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 82
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Офелија го смета Хамлета за луд, вели дека “благородниот, возвишен ум сега наликува на напукнато ѕвоно”, а потоа и самата запаѓа во лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ги сака светлината и сенката. Живее по ќеиф, сѐ едно дали грдо или убаво, високо или ниско, богато или сиромашно, возвишено или пропаднато.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако Бог не постои, зошто тогаш немир, борба против возвишената сила, борба во себе, резонира таквиот атеист.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Сивилото на вештачките раеви на некој начин прераснува во култ, под услов тие да ја достигнат возвишеноста на една (не)култура.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)