водостопанство (ср.)
Договорено беше да се ангажира државното водостопанско претпријатие од Монастир.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во акциите за пошумување секогаш настапуваме заеднички: Шумското стопанство „Осогово“, јавното комунално претпријатие „Водовод“, Водостопанското претпријатие „Брегалница“, ученици - млади екологисти од основните и средните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Но луѓето од водостопанството, кога им го поставив ова прашање, тоа не можеа да го гарантираат, со оглед на обемните подготовки и обемната работа што требало да се заврши.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
6. Одлука за престанување на работењето на водостопанството, донесува Владата на РМ, по предлог на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – во законски предвидени случаи (в. чл. 112, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Решението за заклучување на постапката за ликвидација се доставува до Централниот регистар на РМ, заради бришење на водостопанството од соодветниот регистар (чл. 116, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ликвидационата маса на водостопанството над кое се води постапка за ликвидација не влегуваат инфраструктурните системи и придружните објекти кои се во функција на вршењето на дејноста определена со овој закон (чл. 115, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)