воглавно (прил.)
Овој дел од патувањето на двајцата војници, одбележува една историска епоха, ја бележи апсурноста и трагичноста на таа војна, која воглавно се отсликува преку нивните регистрирани доживувања (низ исповедта на нараторот, кој знае сѐ, но не е сосема сигурен), без да се свесни, или се нецелосно свесни протагонисти на тие дејанија...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Пролетта - Револуцијата како што ја наречува авторот, ги затекнува пасквелчаните воглавно неподготвени, ги изненадува како некое ново и непознато годишно доба и ги повелува по нови патишта.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Загребски Динамо и сплитски Хајдук во поглед на своите приврзници беа воглавно регионални клубови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Значи патуваш од Вардар па до Триглав. Летуваш воглавно во шатор. Јадиш чурук манџи и Ева конзерви.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Воглавно, таква беше положбата во која се најде македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тие, воглавно, служеа за полнењето на една поинаква батерија на сметка на физичката изнемоштеност која, и без нив, манично ја чувствував.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Таму еднаш ја најдов својата мачка, дополу смачкана од тркалата на нечија кола... но, тоа е стара и, воглавно, позната приказна...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се мушнав и пробивав низ соби натрпани со изветвен мебел, грнци и лонци распослани по масите, засушени четки и празни платна на еден стар уметник кој заради својата мајка, воглавно, останал сам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Животот воглавно ѝ беше убав; освен кога ѝ го загорчуваа децата на соседите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)