взаемен прид.

взаемен (прид.)

Може да се рече дека без тој феномен на взаемни воздејства, на користење веќе постигнати искуства на наоѓање сродни литерарни светови, литературата би била невозможна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Никогаш, дури ни на взаемните велигденски и бајрамски посети не ја споменувале војната, време во кое тие се запознале, по секавичната жестока омраза да станат пријатели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Важноста на првиот загриз: зачеток на богатата взаемна гозба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Евреите се богати и меѓусебно се помагаат низ тајни мрежи на взаемна поддршка.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бидејќи филозофијата од неа не барала врз основа на фактите, на некој начин и во одредени точки, да го дефинира и определи взаемниот однос на менталното и телесното, науката се определила провизорно да делува така што нивниот однос го зема за совршен, т.е. како меѓу нив да постои еднаквост или дури и идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секоја постапка на Катерина ја оценував како последица на длабоката взаемна доверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не знам колку сте во состојба да ги следите моите тешкотии – реагирав збунето. – Во секој случај игноранцијата не води кон взаемна доверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чудно, толку многу блиски, си мисли Пелагија, а сепак разделувањето како да ни ги затвора срцата, освен овие километар два како да има и нешто невидливо што ни ја расипува взаимната доверба. Го чувствува ли истото и Чана?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби взаемната доверба е само добронамерен сојузник?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа димензија кај него, впрочем и кај нив, предизвикуваше взаемни симпатии.  Но, опиен од уживањето во првата, се чинеше апсолутна слобода, Цви не се обѕираше на тоа дека почна ја губи поддршката во својата нова заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас сакам вода и водата сака мене нашата љубов е взаемна ѝ земам ме зема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
13 „Целосно надгледување“ (или совршена граница) не може да постои поради многу причини: логистички и економски ограничувања; сложеност на системот и взаемна зависност; интерпретативната и контекстуалната природа на многу човечки ситуации; и ранливоста којашто произлегува од можноста да се компромитираат граничните работници. 12 Gary T. Marx, „Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,“ in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 15-16. 13 bid., p. 20. 20
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И да речеш и да не речеш: папочната врвка вистински постоеше сето ова време и севезден беше оптегната како бројаница во семејниот музеј на взаемни нежности и љубови.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)