вечно (прил.)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Од бујниот Вардар до Соча и Драва во секое срце денес радост плива, - Републико наша, мила братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Прегнете волој а широки ниви, фрлајте плодни зрна, земјата сега вечно е ваша, порите бразди црни!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушам како умира времето... Покрај лисјето што паѓа и мразот што се фаќа за рацете до каде сум стигнал Тоа умира сѐ што се раѓа па вечно сум со него помал макар за еден чекор
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ништо не трае вечно. Тие нема да ја дочекаат зимата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
9. А затемнувањето не беше вечно и вечно не истраја ништо освен утрото и ноќта и Месечината што гинеше сама и сама од себе што се пресоздаваше.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
— Аман де! Ако го сторите тоа, дури тогаш твоето име ќе остане вечно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
8. ВЕСЕЛО СРЦЕ КАДЕЛА ПРЕДЕ - ах, тоа вретено жилите што ги сука! ах, тој цел век од еден миг меден! ах, таа љубов - вечно неизучена ука!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зашто ништо не е трајно во него а сѐ е вечно.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Зар нема веќе да ме поризаш, зар вечно ќе ми бидеш лута?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)