ветка ж.

ветка (ж.)

Се потргнуваше постојано пред тоа, дури не се најде во една сосема увисната положба, во која го задржуваа да не падне само една дебела ветка под него и неговиот изврзан појас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, тоа беше тој, неговиот мршар, неговата парталава сенка и неговиот придружник, со сета своја мршарска смрдеа, веднаш под него така, за тој, ако се отпушти од меѓу своите две ветки, да му падне право во забите; - една дивинка, проклета и прогонета и од своите и го продолжуваше своето вечно кобење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето ги носи низ ветките и ги залепува на ѕидот.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се растрчале луѓето низ шумата, по доловите, по меризите и се кријат под буките, под камењата, во пештерите, во ветките, во ѓинѓерите, во папрадиттата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу ветките се извира Дуко Вендија и вика: - О, Велико! - Ој, се одѕивам. - Кај си, мори? - Еве сум, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ене ја, вели Капинка, ене го гумното, ене ги скалите, вели, ене ја вратата, капавиците, оџакот, ене, сета се гледа, ми вели девојчето и покажува низ ветките од дрвјата, меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А митралезот само стриже над нас, поткршува ветки и ливчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И веќе навистина умирав осамен и заборавен на туѓа двоколка, едни можеби ги тргаа камењата од патот, други му помагаа на еден беден човек да се издолжи на јаже под ветка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ветките на смреките веќе не беа збрчкани суви коски на непознато животно од предискони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето ги носи низ ветките.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А знам зошто: ѝ ги носи на ѕидот ветките од јаболкницата и со нив прави шарки.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Фронтот оглувел и занемел. Можело да се чуе птица да прелета, бубачка да запрета, ветка да процвета.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Злобата им штети на корените на доблестите, гризејќи им ги младите ветки пред да се разграничи човековата кревка мисла.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Рада се кршеше како ветка. Дали сето ова да го прекине и одложи за некое друго време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)