вероисповед (ж.)
Најголемиот дел од Германиците по вероисповед се евангелисти, а помалку има римокатолици, па затоа овде има и многу евангелистички цркви.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Службеникот повторно забразди: – Вероисповед?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најнеограничената слобода на вероисповед е за мене толку свето право, што ми се чини дека зборот толеранција што тоа право го изразува, е на некој начин тирански, бидејќи постоењето на авторитетот што има моќ да толерира, ја загрозува слободата на мислење веќе само со тоа што толерира и исто така би можел да не толерира.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓутоа и покрај прогоните на христијанските мисионери и верници од страна на еврејската заедница и римската државна власт (Нерон, Трајан, Валериј и др.), во 313 со Миланскиот едикт за толеранција била гарантирана целосна слобода и еднаквост во вероисповед за христијаните, враќање на црковната сопственост и елиминирање на култовите на државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За која партија ќе гласаа Хунзите Ако случајно се затекнеа во Македонија За време на изборите со оглед на тоа Што во меѓувреме ја примиле исламската вероисповед?
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)