вдлабнатина (ж.)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оддалеку личи на некаква кула со дупки и вдлабнатини.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Арно ама, таа мала фасадна вдлабнатина нам ни е замена за сите наши минати балконски и балкански светови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Онаму каде што челото и коренот на носот се среќаваа, немаше вдлабнатина, и Даниел беше фасциниран од тој детаљ, зашто неговиот нос беше израмнет со челото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И тогаш без лелек и солзи оставила деверите да ја одведат до вдлабнатината во ѕидот на кулата: чунки и самата знаела дека мора да умре, барем можела да се воздржи да не плаче.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мускулите елегантно ги откриваат нежните, но силни вдлабнатинки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Залижав со јазикот во вдлабнатината меѓу двете гради, но во мигот кога сакав да се придвижам нагоре, до вратот кој благо беше извиен над мене, Ема ја крена главата и, кикотејќи се, повторно ми ја наполни устата со брадавицата на десната цицка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)