вдесно (прил.)
Патот водеше сѐ понагоре и вдесно додека не излегоа на сртот од каде што го видоа езерото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас бегам налево, а епицентарот по мене, јас се стрчувам вдесно, а епицентарот пак по мене...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пред влезот на зградата три девојчиња играа ластик; не ги погледна туку само го слушна рипкањето и се упати вдесно, за да го скуси патот кон продавницата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Најпосле свртуваат вдесно, излегуваат на големиот мост направен само од железа и веќе заборава на Мурџо поради големата мазна снага на големата река што се лизга под самиот мост.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Една жена, кога некој ѝ зборуваше, постојано ја движеше главата влево и вдесно, затоа што ѝ се чинеше дека зборовите летаат кон неа, и можат да се заријат во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вдесно над забелот се испречи голема карпа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)