вдаде (св.)
Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Секако овој војник е вдаден во некоја своја мисла, сосема туѓа на службената секојдневност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Инаку, едно вакво ѕвере од човек... - Сигурно не му се вдало да си удри нешто.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога рекоа да ја отворат портата, кучињата однатре се вдадоа како на лиот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Вчас времето се вдаде се згусна и надојде од сокот со пролетта што нечујно татни по жилите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
- Зошто дојде, сестрице Велико, вели, не ми кажа зошто дојде, не ми се вдаде да те прашам, вели. - Заборавив, велам јас и си заминувам. 85
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе квикне Чако и пак ќе се вдаде, ќе им се нурне со лаење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш, тие години, гледајќи го расфрлан на сите страни и неприбран дома, не со злорадост туку со жал за него, некои пуштија глас дека од што се вдал по одобрението, Максим се померил од умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не ми се вдаде ни да викнам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, од пред очи, ни се загуби татко, не ми се вдаде ни убаво да го фатам со очите, да го испратам барем со погледот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ти, жено, да не си се мрднала од паметта, - ѝ се вдаде повторно татко ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Зошто за момчево имаш купено половина билет, како божем да е помал од 12 години? - му се вдаде кондуктерот на дедо ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Не гледаш? – свика татко ми. – Ни влакно од косата не ѝ недостига, а ти тука паѓај во кома, избезумувај се, баш ѝ е нејзе гајле за нас. – Срам да ти е! – ми се вдаде. – Оди легни си, не сакам ништо сега да знам, утре ќе разговараме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со невиден ентузијазам се вдаде во херојска работа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Пукотот се слушнал в село и селаните се вдале натаму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога стигнав во дворот, Надежда, првата комшика, вознемирена, ми се вдаде. „За малку“, списка, „ќе ти ја запалеа куќата!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тие се плашат пред моќта, а сурови се кога ќе им се вдаде. Мерката на стравот, често е мерка на суровоста.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Тој Аџи-Трифун е пријател на самарџијата Димо, а овој му ја има дадено ќерката на ибн Пајко ефендија!“ се вдаде некој од агите, за да го пресече валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)