вата (ж.)
Токо ајде, ти нацепи некое дрво, јас ќе запеча троа месце да поручаме, па да заплескам некоа и друга погача, да го вата црниот петел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Откако ја усвоивме Searle-вата интуиција дека самиот процесор нема разбирање, тогаш треба да заклучиме дека компјутерот кој извршува програм е машина различна од оголениот хардвер.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Идевме во татковата библиотека на тивко учење на премолкот, кога устата речиси и самата се отвораше пред предизвикувачките настани во тие барабански балкански времиња, исполнети со семожни наредби, пароли, диктати, лажни ветувања, немотивирани забрани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но кога речиси судбината на егзилот нѐ фиксира во овој град, како на речиси последна негова станица, се чувствуваше дека Мајка ја презема иницијативата во доменот што се сметаше дека е само Татков.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)