варијабилен (прид.)
Секој од нас веќе бил, или ќе се изненади, можеби скептично, при прегледот на антрополошките податоци за огромната варијабилност во начините на доживување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И не би било следење на правило, кое го исклучува акциденталното, непредвидено, „на слепо”, или варијабилно усогласување, туку треба да се состои во определено почитување на она за што правилото вели дека е конститутивно за придржувањето кон него.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ние знаеме многу малку и непрецизно за тоа како настанува оваа варијабилност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Од друга страна, зборот „хуманизам“ е подложен на варијабилност, на мутации, трансформации, еволутивност...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во случајот на сложените геометриски објекти, поимот на димензија станува варијабилен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)