важно прил.
важност ж.

важно (прил.)

Значи, името на еден човек не е толку важно за самиот него, колку за другите, затоа тој не се крстува самиот, туку го крстуваат него други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Важно е дека Византијците ја одбележуваат господствувачката народност, а за другите молчат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Важно е дека детето ми се врати на правиот пат!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Извонредно е важно дека во земјата на слободна трговија, Англија, концентрацијата исто така доведува до монопол, иако малку подоцна и можеби во друга форма.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Оваа дефиниција апсолутно не е за ништо, зашто таа еднострано, т.е. произволно, го изделува само и исклучиво националното прашање (иако е тоа извонредно важно како само по себе така и во својот однос спрема империјализмот) произволно и неточно сврзувајќи го само со индустрискиот капитал во земјите што анектираат други нации исто така произволно и неточно истакнувајќи ја анексијата на аграрните области.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Затоа, без да го забораваме условното и релативното значење на сите дефиниции воопшто, кои никогаш не можат да ги опфатат сестраните врски на појавата во нејзиниот полн развиток, треба да се даде таква дефиниција на империјализмот којашто би ги содржела овие пет основни негови белези: 1) концентрацијата на производството и капиталот, која дојде до таков висок степен на развитокот што ги создаде монополите, кои играат решавачка улога во стопанскиот живот; 2) спојување на банковниот капитал со индустрискиот и, врз база на тој „финансиски капитал“ создавање на финансиската олигархија; 3) извоз на капитал, за разлика од извозот на стоки, добива особено важно значење; 4) се образуваат меѓународни монополистички сојузи на капиталистите кои го делат светот, и 5) завршена е територијалната поделба на земјата од страна на најкрупните капиталистички држави.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ова е особено важно за современите неохегелијанци, што го воскреснуваат Хегел, придавајќи ги кои атрибутот на неговиот „самоспознат дух“ непогрешливите диктати ни своите „водачи“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Имав работа – важно одговори Беличот. – Зошто си ме барал? – Мене не ми се останува тука.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пред вратата стоеше важно напернат курирот што ги пушти внатре, по години не постар од Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Само бог, важно и самоуверено одговори Баждар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А јас, лете, наутро, важно соопштував: - Денес на иже јеси се фатиле дваесет и три муви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една се поднаведна над човекот. Наслушнуваше, потоа важно соопшти: - Треба да собираме пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се занесе: како тоа дете ќе се стори момче или девојче. He е важно што ќе биде машко или женско.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар е важно дал нѐ плиска залез или зора по образот блед.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се изненади: „Пред повеќе дни, ако ви е тоа важно како на лекар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брзаше да знае пред осудата - дали она што го виде е млад глог со испреплеткани гранки или камен покриен со бронзена 'ржа. Тоа беше важно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но зар беше важно сега сето тоа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе