брчка (ж.)

Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можеше да се истрезни, и без разбирање (сепак разбираше) го гледаше розовото детско лице, смешниот сит лампион без една брчка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И жален е, тоа неговото лице јасно го кажува, иако неговите очи се стиснати в мрежа, брчки на далечина, непрекината смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По стиснатите веѓи и брчките околу усните на богословот знаеше дека ова не е нивен последен разговор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сол во раните на крвавите дланки. И брчки на измаченото лице како нерватура на пеперугини крилца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што за целата своја должина ми го сви 'рбетот кон земјата.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Врз дланки - безпатје Брчки ти корен врзуваат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледаа гладно и без трепкање во некаква блондина со танки брчки на сувиот врат, мавтаа со раце и говореа секакви бесмислици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Обиди се да ги догледаш. Луѓето можат да бидат попрозначни и од стакло.“ Брат му се исправи висок и сув; суровите брчки под едното око му го изменија ликот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти си сѐ така свежа и ниедна брчка по лицето не ја издава опасноста што те демне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одзади се издолжува нагоре главата на татко му и Арсо забележува на неговото лице радосно растопување на брчките.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лицето како да му беше составено само од брчки и дамки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Осип Мандељштам Каменот, билката, брчките на старецот, смрзнатиот пат на коледе, белата дарпна на свекрвата, белото велигденско црковно оро – имаат свој говор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Калта е сува со брчките на тркалата врз своето лице.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе