брлив прид.

брлив (прид.)

„Ах Митро, ах брлива главо! Толку ли не ти текнуваше оти тиа жени шо ќе дојдат за етрви носат деца?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излегов брлива. Таква сум.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние умиравме за една друга љубов, за еден друг збор, толку денови, ноќи, векови го баравме тој извор, а ваму со брливи работи ни ги полнеа главите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Скотови, кој ја измислил таа брлива работа, ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но таквиот, неблагодарен слушател, за вратка брзо ќе си чуе дека е бујца, односно овци со булка над челото, најглупава што може да биде, која од ништо не се одбира, безмалку и брлива, и која се двои од стадото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како што одамна беа рекле Предците на новодојденците од Македонија Еден народ троа брлив троа чуден Таму некаде од некакви балкони или балкани Којшто уште од древни времиња Ги слави само поразите И севезден прераскажува свежи соништа Свежи самоклеветења и самобербатења
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)